МВР со важна информација до граѓаните: Нема прием и издавање на лични документи од 11 до 15 јуни

Патна исправа/ Пасош/Фото: МИА

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од  11. 06. 2021 година (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15. 06. 2021 година (вторник) во текот на целиот работен ден до 20 часот, нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје.

Од тие причини се известуваат граѓаните од подрачјето на Град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11. 06. 2021 година по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за  личен документ истиот ден (11. 06. 2021 година) до 16 часот.

Од МВР појаснуваат дека граѓаните кои имаат закажан термин за 14. 06. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат на 05. 06. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.

Граѓаните кои имаат закажан термин за 15. 06. 2021 година, се наведува во денешното соопштение од МВР, правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат на 06. 06. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.

МВР ги информира граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 11. 06. 2021 година до 16 часот или од 16. 06. 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот