МВР: Неколку инциденти на протестите пред Владата и Собранието – Запалено знамето на ЕУ, оштетени прозорци, повредени полицајци
Вчера во СВР Скопје е пријавено дека во врска со ненајавен јавен собир, кој се одржал во период од 19.00 часот до 22.10 часот на подрачјето на СВР Скопје констатирани се неколку нарушувања на јавниот ред и мир, соопшти МВР.
Препорачано
-Така, околу 16.50 часот, пред Владата на РСМ, неколку лица го запалиле знамето на Европската Унија. Околу 19.35 часот дел од учесниците на протестот го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање на разни предмети и пиротехнички средства кон објектот на Владата, а дел од нив ја оштетиле и уништиле заштитната ограда.
Околу 20.30 часот дел од учесниците на протестот се упатиле кон зградата на Собранието на РСМ каде фрлале со тврди предмети кон зградата на Собранието и кон полицискиот кордон, при што биле повредени четири полициски службеници кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош.
Рано утрово во 01.33 часот, пак, е пријавено дека околу 00.20 часот е забележано оштетување на еден прозорец од објектот на Владата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


