ВИДЕО: Тензично е на протестот, летаа шишиња и камења, демонстрантите сакаат да влезат во Владата

Фото: ТВ Алфа/принтскрин

Пред Владата вечерва се одржува нов масовен протест организиран од опозицијата, на кој граѓани изразуваат назадоволство од таканаречениот „француски предлог“ за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ и бараат оставка од владата на Димитар Ковачевски.

Протестот започна тензично, со фрлање јајца, тоалетна хартија и шишиња кон зградата на Владата, по што беше урната заштитната ограда, а имаше и туркање со полицијата.

Се слушаат извици „Оставка“ и „Станете Македонци“. Дел од демонстрантите се судрија со полицијата која постави кордон пред зВладата, откако ја пробија заштитната ограда и започнаа да фрлат по полицијата со камења. Дел од медиумите јавија дека во толпата се забележани и неколку луѓе со фантомки.

На почетокот на протестот, македонската химна ја изведе Ламбе Алабаковски, пејачот осомничен за потпалување на бугарскиот културен клуб во Битола.

„Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, им порача денеска на властите Алабаковски, кој потоа симболично запали лист на кој беа испишани Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ги повика граѓаните на голема масовност затоа што, според информациите на опозицијата, владата утре има намера да го прифати предлогот на француското претседателство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот