МВР испитува кои се луѓето што во полициска униформа се закануваат со пендрек и 10 години робија

Министерството за внатрешни работи испитува кои се двете лица што фотографирани во автомобил, облечени во полициска униформа, споделиле фотографија на Фејсбук под која напишале ,,седете дома клошари”.

Како што дознава Слободен печат, во моментов се прават проверки за идентитетите на лицата како и за тоа од кои населби потекнуваат. Се утврдува идентитетот и на трето лице, исто така облечено во полициска униформа фотографирано пред икона од светица, кое напишало на фотографијата: Единицата формирана, ако ве зачекам после 9 пендрек и 10 години робија, казна нема.

Овие фотографии и пораки предизвикаа вознемиреност кај граѓаните кои преку социјалните мрежи масовно ги споделуваат. Од МВР за Слободен печат велат дека во текот на денот официјално ќе информираат за сознанијата до кои дошле, преку соопштение до медиумите кои изразиле интерес за настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот