Муслиу: Белгијците имаат респект и гледаат сериозно на нас
Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува голем предизвик во Гент против Белгија, а еден од столбовите на одбраната, Висар Муслиу, вели дека „црвено-жолтите“ се подготвени за борба против фаворитот, иако е свесен за тежината на задачата.
Препорачано
„Нема да имаме лесна мисија, тоа си го знаеме. Ако го нема Лукаку, има други како Опенда и Башуаји. Не се на неговото ниво, но се фудбалери од Лигата на шампионите. Мислам дека нема многу да се промени ако го нема, затоа што Белгија е квалитетна. Не играат поединци, туку игра тимот. Како тим треба да се спротивставиме на една од најдобрите селекции. Мора да бидеме на исто ниво како во Скопје и да бидеме на нивото“, изјави Муслиу.
Иако Белгија важи за еден од најсилните ривали во групата, Муслиу истакна дека и тие имаат респект за Македонија. Според него, тоа е дополнителен мотив да се даде максимумот.
„Белгијците нè гледаат сериозно, покажуваат респект. Тоа значи дека сме на добар пат и мора да продолжиме во ист стил – борбено, организирано и со верба во себе“, додаде дефанзивецот на македонската селекција.
Преземено од: Спорт.ком.мк


