Мурињо и официјално си доби засилување во нападот

twitter/Tottenham Hotspur

Холанѓанецот Стивен Бергвајн е нов фудбалер на Тотенхем.

Младиот 22-годишен напаѓач во Тотенхем доаѓа од ПСВ во трансфер вреден 30 милиони евра. Бергвајн потпиша договор со англискиот тим до 2024 година.

– За мене Тотенхем претставува остварување на сонот. Да се игра во Премиер лигата е најголем успех за секој фудбалер – изјави Бергвајн кој веќе се фотографираше со дресот на Тотенхем.


Младиот фудбалер кој веќе има настапи и за сениорската репрезентација на Холандија, имаше разговор со менаџерот Жозе Мурињо, и се очекува да биде достојна замена за повредениот Хари Кејн.

– Отсекогаш сакав да работам со врвни тренери, како што е Мурињо. Сега и тој сон ќе ми се реализира – додаде Бергвајн.

Стивен Бергвајн потекнува од академијата на ПСВ, а за првиот тим одигра 149 натпревари на кои постигна 31 гол и имаше 41 асистенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот