Мурињо: Фудбалот оди во погрешна насока

twitter/Squawka Football

Менаџерот на Тотенхем стравува дека фудбалот оди во погрешна насока. Причината за ова откритие беше откажаниот гол на Хари Кејн за време на натпреварот на „петлите” против Шефилд јунајтед.

Голот, со кој тимот од Лондон би можеа да направат 1:1, не беше признат по интервенцијата на ВАР заради игра со рака на Лукас Моура. Бразилецот беше турнат во оваа ситуација и падна на земја без да може да направи нешто друго, но судиите ги следеа новите правила, според кои секоја игра со рака при градење на даден гол е санкциониран.

Повеќето експерти и обожаватели се налутија што правилата се такви и дозволуваат чистиот гол да се поништи на сличен начин. Менаџерот на Шефилд Јунајтед, Крис Вајлдер, ја опиша одлуката како „фарса”.

Судијата е во канцеларија. Никогаш не се жалам на човекот со свирката, бидејќи тој веќе не е судија. Мислам дека судијата треба да биде човекот на теренот и луѓето во канцеларијата треба само да го поддржуваат и да му помогнат. Ова не е случај. Не можеме да очекуваме судијата кој не е добар на теренот да биде добар во канцеларија. Одиме во насока што е навистина лошо за убавата игра во која сите сме за вљубени – рече Жозе Мурињо по поразот од 3:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот