Тони Менкиноски / Фото: архива

Муцунски е разочаран од Бугарија поради забраната за влез на адвокатот Менкиноски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска рече дека е „разочаран“ од Бугарија и од нејзината одлука да му забрани влез во државата на македонскиот адвокат Тони Менкиноски, кој ги брани Македонците во Софија. Македонскиот шеф на дипломатијата рече дека во моментот ги разгледува сите аспекти на случајот и ќе донесе одлука кои дипломатски механизми ќе бидат преземени.

„Многу сум загрижен од ова што примарно го гледам, бидејќи сум негативно изненаден како земја членка на ЕУ се однесува кон наш граѓанин, кој имал единствена цел да штити права на наши граѓани пред европски институции. Со други наши соседи сме имале вакви состојби и сме реагирале по дипломатски пат. Мерката и механизмот кои ќе ги преземеме ќе се одлучат во рамки на Министерството за надворешни работи“, изјави Муцунски.

Според Муцунски, ваквата постапка на земја членка на ЕУ е недозволива, нагласувајќи дека не сака да верува оти „Унијата ќе застане на страната на вакви ретроградни дејствија и механизми кои доаѓаат од нашиот сосед“.

Десет години не смее да влезе во Бугарија адвокатот Менкиноски, кој ги застапува тамошните Македонци во Стразбур

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот