Муцунски побрза да го осуди „иранскиот напад врз Турција“, но извори од Анкара велат дека земјата не била нападната
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, експресно го осуди „лансирањето ирански ракети кон Турција“, не дочекувајќи ги информациите кои ги објавија медиумите во регионот, повикувајќи се на турски дипломатски и владини извори, кои велат дека ракетата која денес била соборена од одбранбениот систем на НАТО над Турција, не била истрелана кон цел во земјата, туку кон грчкиот дел од Кипар.
Препорачано
Муцунски во објава на „Икс“ чинот (наводниот ракетен напад на Иран врз Турција) го оцени како „неприфатлив и дестабилизирачки за целиот регион“.
„Ваквите акции директно го нарушуваат меѓународниот воздушен простор, ги ескалираат тензиите и ја поткопуваат регионалната стабилност. Стоиме во целосна солидарност со Турција како наш НАТО сојузник. Повикуваме на итна деескалација и целосно почитување на меѓународното право“, напиша шефот на македонската дипломатија на социјалната мрежа.
Но, кусо по оваа објава на Муцунски, повеќе регионални и светски медиуми, меѓу кои и агенцијата АФП, објавија дека извори од турската влада велат оти Турција „не била цел“ на ракетата лансирана од Иран, која денеска беше соборена од системите за воздушна одбрана на НАТО, додека се движеше кон турскиот воздушен простор. Откако ракетата беше пресретната, Анкара официјално протестираше до Техеран, но не наведе ништо околу потенцијалната цел на ракетата.
Iran’s missile launch toward Türkiye – a NATO Ally – is unacceptable and destabilizing. Such actions violate international airspace, escalate tensions, and undermine regional stability. We stand in full solidarity with 🇹🇷 and call for immediate de-escalation and full respect for…
— Timco Mucunski (@TimcoMucunski) March 4, 2026


