ФОТО Му „преседна“ цигарата на шалтерскиот работник од Клинички Центар

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави најстроги санкции за шалтерскиот работник кој на фотографија на социјалните мрежи се „прослави“ затоа што во работно време, на работното место каде треба да ги прима документите на пациентите пуши цигара. Додека Министерството за здравство проверува од каде е шалтерскиот работник, на една од фотографиите што ги добивме, пишува дека се работи за шалтерот на ЈЗУ УК за уво нос и грло.

-Го идентификуваме лицето денеска. Еден многу совесен граѓанин, јас би кажал швајцарски модел на граѓанин го пријавил, и така треба да постапуваме сите, треба да ги пријавуваме сите оние кои во текот на работното време не ги почитуваат законите и мерките. Веќе е крајно време сите да внимаваат и лицето ќе биде најстрого санкционирано од моја страна. Денеска од сабајле го идентификуваме и ќе постапиме согласно законите. Од фотографиите изгледа дека работи на Клинички центар, со име и презиме ќе го кажеме и ќе откриеме како ќе постапиме. Веќе треба да го смениме менталниот склоп, да ги почитуваме законите и да се почитуваме самите себе. Мора да почне превентива од пушењето, рече министерот Меџити.

 

– Најстрого ќе биде санкциониран од моја страна најлично, ќе биде суспендиран од работното место. Ама прво ќе докажат менаџерите, ќе има дисциплинска комисија и ќе ги почитуваме сите мерки што ги имаме со Законот за здравствена заштита, изјави Меџити.

Тој упати порака дека во општеството прво ќе се почне со апели за штетноста на пушењето цигари.

– Од сега натаму најстрого ќе ги санкционираме овие појави. Во државата има закони и мерки и мора сите да ги почитуваат. Во развиените држави ги почитуваат сите мерки зашто има казни. Не сакаме да звучиме ригорозно, прво ќе повикуваме дека не е во ред, дека треба превенција за лошите навики, зашто водат до многу лоши болести, рече Меџити. 

Министерот смета дека пушењето не е зависност туку лоша навика. Тој рече дека ќе има контроли после Нова Година во сите здравствени институции за да се обезбеди дека сите вработени ги почитуваат работните места.

-Мораме да почнеме превентива зашто откога семејствата ќе ги загубат блиските од тешки болести, тогаш е доцна. Многу е битно луѓето навистина да размислуваат логично, барем една минута за ова. Има и граѓани пушачи што велат дека ова е отров и не е во ред. Пушењето според мене како лекар невролог не е зависност, туку лоша навика. Ако луѓето не се заштитуваат самите, тогаш треба да ги заштитуваат своите најсакани и децата во своите домови, рече Меџити. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот