Дино Мерлин и Халид Бешлиќ/Фото: Принтскрин/Инстаграм/Халид Бешлиќ

„Му ги милував косата, рацете и стапалата“: Дино Мерлин ги расплака сите на комеморацијата за Халид Бешлиќ

Комеморацијата за легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ започна во 11 часот наутро во Народниот театар во Сараево, а започна со минута молчење. Потоа, се обратија внуците на Халид, Ламија и Белмин, кои порачаа дека тој за нив бил „љубов, гордост и штит“ за нив. Зборуваа и многу колеги на Халид, како што се Емир Хаџихафизбеговиќ, Фахрудин Пецикоза, Енис Бешлагиќ и други, а говорот на Дино Мерлин беше особено емотивен, којшто расплака многумина во публиката.

– Драга фамилијо, драги пријатели, зборовите се зборови, но сликите и чувствата зборуваат повеќе. Ќе споделам со вас неколку слики и моменти кога последен пат го видов Халид. Топла соба, октомвриска ноќ, некоја благост во неа. Тој дремеше, и во сон од устата му се „лизна“ пцовка кога го свртувавме настрана. Се насмеавме. Му ги раскажував форите на Сидран и Гљива, повторно се смеевме. Се смеевме за да не плачеме, да ја измамиме болката, да ја измамиме смртта. Му донесов чоколадо, „Мерси“. Мерси, Халид. Ти благодарам, Халид – рекол Дино Мерлин низ солзи, а потоа продолжил:

– Му ја галев косата, рацете и стапалата, чистите бели калчуни, калчуните на Халид. Каков е тој минимализам, нешто толку едноставно, толку посебно. Нешто толку потребно како брашно, како хартија, како сол. Нешто толку топло како нашиот Халид. Патувај, бела птицо, во џенетското лозје. Многу вода ќе протече низ Босна додека не се роди таква душа, многу вода ќе протече низ Босна дотогаш. Каде и да си, сакан да си. Каде и да си, сакан да си – заклучил Мерлин.

ВИДЕО | Емотивно збогување: Илјадници луѓе ширум светот вчера му оддадоа почит на Халид Бешлиќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот