МТВ нема да врши пренос од натпреварот Кил – Вардар

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Возбудувањата во ракометната Лига на шампионите продолжуваат утре, македонскиот и европскиот шампион Вардар му гостува на Кил, но за жал на фановите, МТВ нема да врши пренос туку тој ќе оди на каналите на Арена Спорт.

МТВ до крајот на сезоната во ракометната ЛШ ќе ги пренесува само домашните натпревари на Вардар, против Мотор Запорожје (15 февруари) и Монпелје (29 февруари) од групната фаза.

Последното гостување на вардарци, во Порто на 22 февруари ќе биде емитувано на каналите на Арена Спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот