МТСП: 21 дете и 51 вработен во градинките низ државава се позитивни на ковид-19

Градинките ги отворија вратите за децата / Скопје, 9 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Дваесет и едно дете од различни градинки во Македонија се позитивни на коронавирусот, додека пак 51 позитивни има од редовите на негувателките, воспитувачките и останатиот персонал, информираат за „Слободен печат“ од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Директорот на Центарот за јавно здравје, Бесим Зеќири, вели дека протоколите за одење во изолација се променети.

– Сега, за разлика од порано, не одат во изолација цели класови во училиштата или групи во градинките. По проценка на епидемиолог се носи одлука кои деца ќе бидат ставени во изолација доколку едно дете е позитивно на ковид-19. Исто така, доколку родителите на позитивното дете се вакцинирани со две дози или имаат природен имунитет, тие не одат во изолација, но доколку не се вакцинирани или немаат прележано, оди во изолација цело семејство. Додека пак, во изолација не одат родителите на децата кои биле контакти со заболеното дете. Идејата е сите да бидат заштитени, но училиштата и градинките да продолжат да функционираат, изјави Зеќири за „Слободен печат“.

Од МТСП не знаеја дали позитивните вработени во градинките се вакцинирани против коронавирусот.

– Согласно последните информации со кои располагаме, околу 75% од вработените се вакцинирани, но не можеме да бидеме сигурни дали заразените со ковид се вакцинирани или не, додаваат од МТСП.

Согласно новиот Протокол,  воспитните групи за деца до 2-годишна возраст треба да имаат по максимум 15 деца и групите за децата од 2 до 10-годишна возраст да имаат по максимум 25 деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот