Мрачната страна на Џеки Чен: Се откажал од ќерката и го злоставувал синот, а сопругата ја изневерувал

Џеки Чен/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Доколку некој е вистинска светска ѕвезда, тогаш тоа е Џеки Чен. Овој човек има снимено над 150 филмови и е активен актер е од 1960-те години. За него велат дека е единствениот вистински наследник на Брус Ли. Тој е првиот кој ја помешал комедијата со борбата и неговите филмови се вистински десерт за гледачите.

Иако со годините на многумина им е омилен актер, тој зад маската на добар човек ја крие својата мрачна страна. Во автобиографијата која ја издал во 2015 година открил некои детали кои во најмала рака го шокирале светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jackie Chan 成龍 (@jackiechan)

Меѓу останатото, тогаш тој го открил и следново:

Чен е роден во 1954 година во Хонгконг како единец на родителите кои биле толку сиромашни што сериозно размислувале да го продадат на некој доктор Британец за 200 долари за да преживеат.

„Кога ги заработив првите пари, веднаш почнав да ги трошам. Но, проблемот беше во тоа што почнав неумерено да пијам, подобро кажано да се опијавувам. Наутро се возев низ градот со „Порше“, а навечер со „Мерцедес“. Пијан“, се присетува Чен за тоа како го поминувал слободното време кога не бил на сет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jackie Chan 成龍 (@jackiechan)

Тој се оженил во 1982 година со Џоан Лин, тајванска актерка со која има две деца. Но, вели дека поради алкохолот станал и насилник:

„Еднаш толку многу го удрив син ми Џејси што одлета преку половина соба и падна на креветот. Тогаш навистина претерав со грубоста. Не се исплаши само Џејси, туку шок доживеа и мојата сопруга“, напиша тој во својата автобиографија која ја објавил во 2015 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jackie Chan 成龍 (@jackiechan)

Чен за себе вели дека во тоа време бил неуко момче кое преку ноќ заработило 10 милиони долари и дека не било чудно што се пронашол во незрелоста затоа што големата слава и богатството му влијаеле многу лошо. Исто така признал и дека ја изневерувал сопругата со младата убавица Елејн Нг Ји Ли која била Мис на Азија во 1990 година.

Сепак во книгата не ја спомнува својата вонбрачна ќерка Ета Нг, денес 19-годишна девојка која ја добил од таа авантура.

Ета своевремено изјавила дека Чен никогаш не го сметала за свој татко, па за тоа напишала порака на Инстаграм.

„Домот е семејство кое може сами да го изберете. Љубовта без сомнеж е посилна од крвта“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jackie Chan 成龍 (@jackiechan)

Чен во книгата признал дека набрзо откако се оженил почнал да излегува по клубови и да ја изневерува сопругата со помлади и згодни девојки.

„Се коцкав и ја изневерував сопругата. Се сеќавам дека при едно такво излегување запознав прекрасна девојка со силен карактер, а единствено што знаев беше нејзиниот прекар – Број 9. Продолживме да се гледаме во нејзината мала соба со многу ниски плафони. Се сеќавам дека многумина се обидуваа да не гледаат низ малите пукнатини на вратата. Но, мене таа соба ми беше вистински мал рај…“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот