МПС: Да се заостри казнената политика за напад врз полицајци!

Македонскиот полициски синдикат го осудува вчерашниот настан, кога група граѓани кои вршеле бесправна сеча на дрва ја нападнале полициската патрола, сочинета од пет полициски службеници кај селото Степанци, во општина Чашка.

Полициските службеници се здобиле со потешки телесни повреди, а од Синдикатот истакнаа дека во континуитет работат и се залагаат за документирање и профилирање на сите напади врз полициските службеници при вршење на работните задачи и притоа да се идентификуваат евентуално системските недостатоци.

– Цврсто сме решени да го интензивираме овој процес што бара постојана опсервација и ангажман, но исто така сме сигурни дека само така ќе овозможиме натамошно унапредување на позицијата на полицискиот службеник во делот на неговата лична безбедност и заштита на неговото здравје. Трендот на напади врз полициски службеници само затоа што професионално си ги извршуваат  работните обврски  и задачи, спроведувајќи го законот, МОРА ДА ЗАПРЕ! Сметаме, уверени сме и стоиме цврсто на ставот дека секој напад врз полициски службеник , односно било какво девијантно однесување кон , пред се –  луѓето , кои секојдневно се грижат за безбедноста , редот и мирот во нашата држава  , на индиректен начин претставува напад врз Република Северна Македионија! Правосудните органи мора да започнат да ги процесуираат нападите врз полициските службеници во најбрз можен временски рок, притоа паралелно да се заостри казнената политика, со цел елиминирање на појавата на напади врз полициски службеници, порачуваат од МПС.

Оттаму додаваат дека за нивните активности ќе ги известат сите пријателски полициски синдикати од земјите на ЕУ , членки на Советот на Европските полициски синдикати, со барање тие будно да ја следат состојбата со појавата на напади врз полициски службеници во нашата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот