Можно е Надал да ја заврши кариерата во 2024 година

фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал најави дека 2024 година „можеби“ ќе биде годината кога ќе се „пензионира“, откако оваа година пропушти осум месеци поради две операции на колкот.

– Можно е 2024 година да биде мојата последна година на терените, но не можам да го потврдам тоа 100 отсто бидејќи не знам – рече Надал во интервјуто за каналот „Мовистар +“.

Во мај, Надал се повлече од „Ролан Гарос“, турнир кој го има освоено 14 пати, поради повреда на левиот колк на „Австралија опен“ претходно оваа година. Тогаш веќе најави дека „наредната година најверојатно ќе му биде последна“ во кариерата.

– Идејата не е да се вратиме и да го освоиме „Ролан Гарос“ или „Австралија опен“. Луѓето не треба да се чудат, сето тоа е многу далеку, бидејќи свесен сум за тешкотиите со кои се соочувам. Треба да се земат во предвид мојата возраст и физичките проблеми – вели 37-годишниот Шпанец.

Воедно истакна дека бројот на титули не е негова опсесија.

– Дали би сакал да бидам тенисер со најмногу Грен слемови? Без сомнение. Но, тоа не ме фрустрира – рече Надал рече тој, осврнувајќи се на конкуренцијата со Новак Ѓоковиќ, кој досега има освоено 24 грен слем титули.

Надал призна дека тоа за него „не е опсесија“ и додаде: „Мислам дека Новак тоа го доживува поинтензивно од мене“.

Еве зошто Рафа не му ја честиташе 24 грен слем титула на Ѓоковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот