Фото: болница/илустрација / Радио Слободна Европа

Можен е недостиг на шприцови и ракавици во болниците поради кризата на Блискиот Исток, предупредува директорот на штипската болница

Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека поради војната на Блискиот Исток и македонските болници може да се соочат со недостиг на шприцови, ракавици и материјали за снимање. Тој вели дека проблем имало со набавките, а најкритично е со контрастните средства за компјутерска томографија и магнетна резонанца. Захариев предупредува дека залихите се на долна граница, односно имаат материјали за еден до два месеци. Се очекува кризата да се надмине во наредните еден до два месеци, во спротивно ќе се прави реорганизација.

„Тоа не е некој дефицит по болниците, туку ќе биде дефицит на светско ниво, за сметка на помалото производство на тие продукти што ни требаат на нас. Во моментот проблем очекуван што би можеле да го имаме е проблемот со контрастот. Тоа се контрастните средства за снимање на компјутерска и магнетна резонанца, значи тука залихите ни се на долна граница, но според добавувачите и тие немаат залиха, бидејќи и самиот производител не работи со тој капацитет со кој работел порано. Сите болници имаат некоја залиха, и ние имаме залиха за месец-два и се надеваме таа криза да се надмине, во спортивно ќе правиме некоја реорганизација по другите болници каде што има залихи, а не ги користат“, изјави Захариев.

Захариев апелира до матичните лекари и специјалистите да се одложат контролните упати за снимања со контраст на компјутерската томографија и магнетната резонанца. Тој вели дека проблемот со контрастните средства е на светско ниво, но очекува нови количини да пристигнат околу 21 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот