„Може да се врати и покрај сè“: Зошто Ким Катрал не е дел од новото продолжение на „Сексот и градот“?

сексот и градот
Фото: Profimedia+Instagram

Во новото продолжение на култната серија „Сексот и градот“ нема да ја видиме Ким Катрал во улога на Саманта Џонс која одби да биде дел проектот, но тоа не било поради кавгата со Сара Џесика Паркер.

Според странските медиуми, на Ким ѝ било понудено да се врати во серијата и покрај сè. По одбивањето на Ким Катрал да биде дел од новите епизоди, се шпекулира дека причината наводно била низа контроверзни сцени што актерката требало да ги толкува.

сексот и градот
Фото: Profimedia

Имено, во продукцијата постоело страв дека обожавателите повеќе нема да ја гледаат серијата со иста ревност бидејќи ќе им недостасува Саманта.

„Очигледно е дека многумина ја сакаат и ценат и би сакале да ја видат во новите епизоди. Ако нејзините претставници ни се јават сега и кажат дека е достапна, продукцијата веднаш ќе го резервира првиот лет за Њујорк за да пристигне“, рекол извор од продукцијата.

сексот и градот
Фото: Profimedia

Патем, иако на почетокот се зборуваше дека актерката одбила да се врати во серијата затоа што се скарала со Сара Џесика Паркер, и двете актерки ги демантирале тие гласини.

Неодамна се појавија и други гласини кои тврдат дека причината била тоа што Ким не била задоволна од сценариото и улогата што ѝ била доделена. Според странските медиуми, сценаристите барале таа да има емотивни сцени со синот на Миранда Хобс, која ја игра Синтија Никсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Cattrall (@kimcattrall)

Извор: DailyMail

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот