Москва покани претставници на талибанците на меѓународни разговори за Авганистан

Талибанско раководство / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Русија ќе покани претставници на талибанците на меѓународни разговори за Авганистан што планира да ги организира во Москва на 20 октомври, изјави во четвртокот специјалниот претставник на претседателот Владимир Путин за Авганистан, пренесува Ројтерс.

Претставникот Замир Кабулов, не даде дополнителни детали за планираните разговори во коментарите на руските новински агенции.

Москва беше домаќин на меѓународната конференција за Авганистан во март, на која Русија, САД, Кина и Пакистан објавија заедничка изјава во која ги повикаа тогашните завојувани авганистански страни да постигнат мировен договор и да го спречат насилството.

Исто така, ги повика талибанците да не започнуваат никакви офанзиви во пролет и лето.

Оттогаш, Соединетите држави и нивните сојузници ги повлекоа своите војници по 20 години на терен, талибанците ја презедоа власта во молскавично напредување и претходната влада пропадна.

Русија е загрижена за потенцијалот за последици во поширокиот регион и можноста исламистички милитанти да се инфилтрираат во поранешните советски републики од Централна Азија, кои Москва ги смета за нејзин јужен одбранбен бафер.

По преземањето на талибанците, Москва одржа воени вежби во Таџикистан и го зајакна својот хардвер во воената база таму.

Путин во четвртокот, исто така, оствари телефонски разговор со таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон, во кој двајцата лидери разговараа за безбедносната ситуација околу последните случувања во Авганистан, се вели во соопштението на таџикистанското претседателство.

 

Извор: Ројтерс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот