Морничавиот проект на Нетфликс: Што би направиле за само малку слава? (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

„The Hater“ ја носи приказната за дволичното момче кое благодарение на паметна тактика станува многу успешно во мрачниот свет на социјалните мрежи. Полскиот филм уште сега го карактеризираат како најдобар трилер во овогодишната понуда на стриминг сервисот.

Уште еден успешен проект на Нетфликс пристигнува од Полска и носи немилосрдна филмска приказна за ужасните нагони кои ги поседува човековиот вид. Филмот во режија на Јан Комас го претставува интернет тролот Томас, кого го толкува Мациеј Мусиаловски, кој студира право во Варшава и се обидува да го освои срцето на симпатијата од детството така што станува невидлив дигитален советник кој има задача да ја уништи политичката партија на која и е наклонето нејзиното семејство.

Тој многу брзо ќе се соочи со реалниот живот, последиците од виртуелниот живот и насилството.

Откако ќе направи хаос меѓу полските фитнес инфлуенсери, Томас ќе се лизне во дигиталниот свет полн со исламофобични моќници. Тој ќе стане нивниот управувач за лажни вести на социјалните мрежи, а ќе биде задолжен и за кодирана комуникација преку игра со момче кое е несреќно, живее со својата баба и кое е опседнато со оружје. Филмот зборува за морничавите пориви и зборува за тоа колку некои луѓе се подготвени да одат преку лешеви со цел да добијат барем малку слава.

„The Hater“ е всушност продолжение на филмот на Комас од 2011 година, кој го носи името „The Suicide Room“, кој говори за тинејџер чиј живот се движи кон катастрофа кога видеото во кое тој бакнува друг маж станува вирално.

„The Hater“ веќе го нарекоа најдобар трилер во овогодишната понуда на стриминг сервисот, а некои одат толку далеку со пофалбите што крајот на овој филм го опишуваат како големо изненадување и пресврт во стилот на најнеизвесните и напнати трилери, на пример, како легендарниот „The Usual Suspects“ на Брајан Сингер од 1995 година.

Погледнете го трејлерот…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот