Моријасу: Саудиска Арабија, сега и Јапонија, азискиот фудбал го достигнува светскиот стандард
Германските фудбалери непријатно ги изненадија своите навивачи, беа поразени од Јапонија (2:1) во првото коло на Мундијалот, а германскиот селектор Ханси Флик ги искажа своите впечатоци по натпреварот.
Препорачано
– Имавме индивидуални грешки кои не треба да ги правиме. Знаевме дека Јапонија е брза во транзиција и така нè доби. Ова е брутално разочарување – рече Флик.
Германскиот селектор потоа го критикуваше дефанзивецот Никлас Зиле кој игра на позицијата десен бек.
– Никлас мора да посвети повеќе внимание на ова. Поради него немаше офсајд, се повлече предалеку два-три чекори. Тоа се индивидуалните грешки што ги направивме. Мора да гледаме напред, остануваат уште шест бода и сакаме да ги освоиме – вели Флик.
Во второто коло, кое е закажано за 27 ноември, од 11.00 часот Јапонија ќе игра против Костарика, а од 20.00 часот Германија ќе се соочи со Шпанија во дербито на денот.
– Сакавме да играме агресивно и да доминираме на натпреварот, но Германија е толку силна што моравме постојано да се браниме и да ги користиме нашите шанси. Ова е големо изненадување, но видовме како Саудиска Арабија ја победи и Аргентина, што е доказ дека азиските земји го достигнуваат светскиот стандард – изјави селекторот на Јапонија, Хаџиме Моријасу.


