ВИДЕО: Германија на колена, Јапонија е новата „бајка“ на Светското првенство

Јапонците слават сензационална победа против Германија/Доха, Катар/23 ноември 2022/фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

По изненадувачкиот триумф на Саудиска Арабија против Аргентина, на Светското првенство во Катар сме сведоци на уште едно чудо, овојпат стадионот „Халифа“ во Доха.

Репрезентацијата на Јапонија во рамките на групата „Е“ го совлада четирикратниот светски шампион Германија со конечен резултат 2:1.

Натпреварот започна добро за Германците, кои поведоа во 33 минута со голот на Гундоган, кој беше прецизен од пенал.

Пред крајот на првото полувреме составот на Ханси Флик реализираше уште еден погодок (45+4`) преку Хаверц, но тој беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел следуваше пресвртот на азискиот претставник, израмнувањето се случи во 75 минута кога мрежата ја Нојер ја затресе Доан, а конечниот епилог го постави Асано во 83 минута по асистенцијата на Итакура.

Стартното коло во групата ќе биде комплетирано со дуелот помеѓу Шпанија и Костарика (17.00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот