Морати: Понудата од 130 милиони евра за Лукаку е искушение

Белгиецот во новата сезона има големи амбиции со Челси/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Европскиот шампион Челси го стега обрачот околу најдобриот стрелец, а според многумина и играчот на шампионот во Серија А, Интер.

„Сините“ од Лондон наводно се подготвени да понудат 130 милиони евра, а поранешниот легендарен сопственик на „нераѕурите“ истакнува дека нема да биде лесно да се одолее на таквата понуда.

– Евентуалната понуда од 130 милиони евра е секако искушение, но не знам што му треба на клубот денес. Не знам кои се финансиските бројки, но сето тоа игра улога. Не знам ништо повеќе од она што го прочитав во весниците за преговорите меѓу Интер и Челси – изјави Морати.

Како можни замени се споменуваат напаѓачот на Аталанта, Дуван Запата и младиот напаѓач на Фиорентина, Душан Влаховиќ.

– И двајцата се добри, без сомнение – додава Морати.

Видео на денот