Морати има сон: Меси и Роналдо во ново „Ел Класико“!? (ВИДЕО)

фото: твитер

„Неро-аѕурите“ се подготвени за размена на играчи, односно Лаутаро Мартинез да оди во Милано, а Лео Меси да се пресели на „Џузепе Меаца“..

Вкупно 20 години аргентинската фудбалска ѕвезда е дел од Барселона и никој досега не може да го замисли во друг дрес, освен во оној на Каталонците.

Најдобриот фудбалер на светот според ФИФА, Лионел Меси има договор со Барса до 30 јуни 2021 година и нема никакви најави за евентуално продолжување на соработката со клубот од „Камп Ноу“.

Во минатото воглавно не беше тема договорот на Аргентинецот, туку за неговите успеси и голови, но италијанските медиуми во овој период започнаа почесто да зборуваат за иднината на 32-годишниот играч.

Со Барса успеа 10 пати да ја освои „Ла Лига“, а четирипати стигна до трофејот во Лигата на шампионите.

Каталонскиот „Спорт“ денеска објави една интересна приказна околу тоа дека Интер е подготвен за размена на фудбалери, односно Лаутаро Мартинез да оди во Барселона, а во спротивен правец Меси кон „Џузепе Меаца“.

Свое размислување има легендарниот претседател на „неро-аѕурите“, Масимо Морати кој своевремено успеа да го ангажира Бразилецот Роналдо од Барселона во 1997 година.

Мислам дека ниту најмалку не е забрането да се сонува. Можеби дури не беше забрането ни пред оваа несреќа (ситуацијата со коронавирусот). Меси влегува во последната фаза од својот договор и сигурно дека ќе се обидеме да направиме нешто, доколку ни дојде шанса. Не знам колку целата оваа ситуација ќе влијае на фудбалот, но чувствувам дека ќе се случуваат некои чудни работи – рече Морати, прв човек на Интер од 1995 до 2013 година.

Ги гледавме како ривали во Шпанија, во дресовите на Барса и Реал Мадрид, што мислите дали е можно повторно Лионел Меси и Кристијано Роналдо да ги гледаме како играат еден против друг и во Италија во екипите на Интер и Јувентус!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот