Меси е гениј, Роналдо е машина

Поранешнниот бразилски фудбалер, Рикардо Кака направи споредба пмеѓу двајцата најдобри фудбалери на денешницата.

Кака кој најдобрите моменти во кариерата ги имаше во дресот на Милан, дека доколку мора да избрира помеѓу нив двајца, би го одбрал Аргентинецот.
Лионел Меси е рекордер со шест злати топки, а од друга страна, Кака беше соиграч со Роналдо во Реал Мадрид.

Играв заедно со Кристијано и тој е навистина неверојатен, но доколку морам да избирам помеѓу нив двајца, тогаш тоа ќе биде Лионел Меси, кој е фудбалски гениј, неверојатен талент. Начинот на кој игра е неверојатен – вели Кака кој има една златна топка, од 2007 година.

Бразилецот не го потценува ниту Роналдо.
Кристијано е машина, не само што е силен, моќен и без, тој е силен и ментално. Секогаш сака да победи, секогаш сака да игра и постојано сака да биде најдобар што по мое мислење е нешто најимпресивно кај него. Во историјата на фудбалот тие двајца се во топ 5 фудбалери и сите сме среќни што можеме да ги гледаме – објаснува Бразилецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот