Фото: Royal Australian Mint / Facebook

Монети со ликот на кралицата Елизабета Втора на удар на критики: „Ова е најнепријатниот портрет што сум го видел“

Кралската австралиска ковачница наиде на критики откако издаде две комеморативни монети со портретот на покојната кралица Елизабета Втора. Сребрените монети од 5 долари (2,56 фунти) и 50 центи, изработени по повод стогодишнината од раѓањето на кралицата, беа објавени преку онлајн гласање што заврши во средата, пренесува Би-би-си.

– Ова мора да е најнепријатниот портрет што сум го видел на монета – изјавило едно од неколкуте лица кои реагираа негативно.

Кралската австралиска ковачница го бранеше портретот, наведувајќи: „Сликите на нашите монети не секогаш ја доловуваат целосната убавина на дизајнот откако ќе биде врежан во метал.“

Кралицата Елизабета Втора почина во 2022 година на 96-годишна возраст и беше најдолго владејачкиот монарх во историјата на Велика Британија.

– Постои причина зошто повеќето портрети се од профил. Изгледа како штотуку да удрила во ѕид – коментирало едно лице под објава на ковачницата на Фејсбук.

– Ако го видев тоа лице без фризурата и бисерите, никогаш не би погодил кого треба да претставува – напишал друг.

Меѓу корисниците на интернер беа направени и споредби со разни ТВ-ликови, вклучувајќи ја и госпоѓа Даутфаер — омилената фиктивна домаќинка од истоимениот филм, толкувана од покојниот Робин Вилијамс.

Други, пак, беа попозитивни во врска со дизајнот, кој е изработен од еден од уметниците на ковачницата.

– Одлично. Драго ми е што направија нешто поврзано со кралицата Елизабета Втора, таа заслужува да биде одбележана на посебен начин – напишал еден корисник на социјалните мрежи.

– Ве молам изберете ме за една од овие монети – напишал друг.

Една жена што живее во САД коментираше дека „изгледа како прекрасна монета“.

И покрај критиките, колекционерите пријавија дека гласањето било целосно пополнето. Австралиските медиуми, повикувајќи се на портпарол на Кралската австралиска ковачница, објавија дека сребрените монети се распродадени, а дека има ограничени количини преостанати во нивниот контакт-центар и продавница.

Според веб-страницата на ковачницата, изработени се 30.000 монети од 50 центи и 5.000 од 5 долари — сите се колекционерски примероци и нема да влезат во општа јавна циркулација.

Покрај портретот на кралицата, монетите содржат и дизајни кои „симболично ги одразуваат многуте аспекти од животот и наследството на кралицата Елизабета Втора.

Тие вклучуваат мотиви на коњ и корги, мотиви со уметност и театар како обележје на „нејзината трајна поддршка на културата“, како и некои од нејзините омилени цвеќиња — рози и крин од долината. Претставен е и златниот багрем (golden wattle), националниот цветен симбол на Австралија.

– Дизајнот го вклучува кралскиот монограм на Нејзиното Величество, стилизирана круна на Свети Едвард и амблемот на Помошната територијална служба, со што се признава нејзината воена служба и доживотно чувство на должнос – објасниле ковачницата.

Во меѓувреме, на задната страна од монетите се наоѓа портрет во профил на синот на кралицата — кралот Чарлс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот