Монета од 1 евро - Фото: PxHere

Монета од 1 евро денес може да вреди 500 евра — колекционерите во потрага по ретки грешки

Не секоја монета од еврото има иста вредност. Кај колекционерите, одредени производствени грешки или ненамерни дефекти при ковање можат да достигнат значителни цени на пазарот. Еден таков пример е монета од 1 евро од Монако.

Според германски медиуми, кај конкретната монета од 1 евро, кована во 2007 година, недостасува важен детал. Вообичаено, под ликот на принцот Албер II се наоѓа годината на ковање и симболот на ковницата, пренесува „Н1“. Сепак, кај дел од примероците, токму овој симбол недостасува.

Станува збор за ограничена серија од околу 2.291 монета, што ја прави особено ретка. Поради тоа, колекционерите се подготвени да платат и до 500 евра за ваков примерок.

Иако ваквите наоди се ретки, постојат неколку типични производствени аномалии кои се барани на колекционерскиот пазар:

– Ротација на матрицата: ако задната страна на монетата е свртена наопаку, вредноста може да достигне и до 200 евра.
– Погрешна подлога (планшета): ако дизајн од друга монета (на пример од 2 евра) се појави на монета од 1 евро, вредноста може да порасне и до 650 евра.
– „Ефект на пржено јајце“: кога внатрешниот дел на монетата е неправилно обликуван, наместо совршено кружен, цената може да достигне околу 100 евра.

Стручните здруженија предупредуваат дека не треба да се верува на нереални понуди, особено на интернет. Според нив, тврдења за цени од пет или шест цифри за вакви грешки се претерани и неточни. Исто така, многу „наводни грешки“ се всушност нормално истрошени монети или мали варијации кои не влијаат значително на вредноста.

Бидејќи во Европа се исковани повеќе од 150 милијарди евромонети, мали отстапувања се сосема очекувани, наведуваат експертите.

Вистинските грешки во ковањето се исклучително ретки. Доколку некој навистина поседува монета од 1 евро од Монако без симболот на ковницата, не значи дека автоматски ќе се збогати. Колекционерски интерес постои и за монети од 1 евро од Сан Марино и Ватикан, кои се ретки и често се издвојуваат во нумизматичките збирки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот