Фото: МОН

МОН воведе ромски образовни медијатори и во средното образование

Министерството за образование и наука првпат оваа учебна година воведе ромски образовни медијатори и во средното образование, со цел унапредување на инклузивноста и намалување на осипот на ученици од ромската етничка заедница. Преку јавен повик беа избрани 20 лица кои ќе работат директно со средношколци и нивните семејства во надминување на образовните и социјалните предизвици со кои се соочуваат.

Новите медијатори денеска ги потпишаа договорите за работен ангажман и остварија средба со министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

„Имаме голем успех со ромските образовни медијатори во основното образование и очекувам исти такви резултати и во средното. Вашата работа е благородна, комуницирајте со родителите, соработувајте со училишните служби, вклучувајте ги учениците кои не посетуваат настава и помагајте им во образувањето и остварувањето на нивните права. Знаењето е основна алатка за успех“, истакна Јаневска.

Таа информираше дека во тек е и нов јавен повик за ангажирање дополнителен број ромски образовни медијатори, со што ќе се зајакне поддршката на учениците од оваа заедница.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот