Тепачка / илустрација /

Момче во Србија му помагало на заглавен возач — тројца насилници го нападнале, еден го удирал со секира по главата

Момче во Србија завршило со тешки повреди кога тројца непознати насилници првин вербално го нападнале, по што еден од нив го удирал со секира по главата, објави „Нова“.

На морничавото насилство му претходела низа речиси бизарни околности: сообраќајна несреќа, обид за помош, а потоа и тепачка. Набргу „замавнала“ и секирата.

Во едно село кај градот Уб, на Бадник околу 23:30 часот, се случила сообраќајна несреќа кога автомобил се превртел во канал пред куќата на 22-годишниот Д. Т., кој, откако го видел тоа, излегол од дворот за да му помогне на мажот кој управувал со автомобилот што останал заглавен во каналот.

„Д. Т. бил дома со семејството. Во еден момент слушнал силен удар и видел автомобил превртен во канал. Веднаш истрчал да помогне. Долго се обидувале да го извлечат автомобилот од каналот, но без успех, по што се појавиле тројца мажи кои понудиле помош“, открива извор запознаен со настанот.

Загина работник од Дебар, паднал од зграда додека местел прозорци

Туркање и расправија меѓу минувачите и жртвата

Тројцата непознати мажи, наводно, го навредувале Д. Т., по што следела жестока расправија, дознава неофицијално „Блиц“.

„Тие тројца изгледале како да се под дејство на алкохол. Првин го провоцирале повредениот млад човек, го навредувале, а потоа започнала жестока расправија. Тогаш еден од нив почнал да го турка младиот човек пред чија куќа се случувало сè, а потоа му се придружил уште еден кој го удрил“, тврди изворот.

Побегнал во дворот на соседот и зел секира

Кога осомничените почнале да го удираат Д. Т., тој побегнал во дворот на соседот, по што следело брутално претепување.

„Д. Т. влегол во дворот на соседот, од каде зел секира. Излегол и им рекол да се тргнат бидејќи има секира и не сака проблеми. Им кажал дека излегол да му помогне на човек во неволја и дека, ако не сакаат да помогнат, да си одат. Меѓутоа, тројцата напаѓачи не го сфатиле сериозно, го совладале и му ја одзеле секирата. Потоа еден од нив почнал да го удира со секирата, и тоа по главата“, открива изворот.

Откако младиот човек паднал наземи, напаѓачите побегнале од местото на настанот.

Лекарите се бореле за неговиот живот

Во овој напад, Д. Т. се здобил со тешки телесни повреди опасни по живот. Првин бил згрижен во болницата во Ваљево, каде што бил примен во исклучително тешка состојба. По лекарската интервенција, итно бил префрлен во Белград со тешки повреди на главата.

„Младиот човек бил животно загрозен при транспортот за Белград. Во моментов состојбата му е стабилна и е надвор од животна опасност“, открива изворот.

Како што неофицијално се дознава, полицијата интензивно трага по тројцата мажи осомничени за нападот врз момчето.

Девојка од Липковско преживеала хорор – десетици насилници со месеци се изживувале врз неа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот