Моќните зборови на Фрида Кало откриваат што всушност сака секоја жена од мажот: „Нема да барам ништо од тебе…“
Машко-женските односи отсекогаш биле сложени и неретко неразбирливи, и од машка и од женска перспектива. Но, токму зборовите што Фрида Кало му ги упатила на својот сопруг Диего Ривера можеби најдобро го отсликуваат тој емотивен јаз меѓу мислите и чувствата кои може да постојат во една љубовна врска, пишува „Стил“.
Препорачано
„Не барам од тебе да ме бакнуваш, да ми се извиниш кога мислам дека си згрешил.
Нема да барам ниту да ме гушнеш кога најмногу ми е потребно. Не очекувам да ми кажеш дека сум убава, дури ни кога би било лага, или да ми напишеш нешто нежно.
Нема да барам да ме повикаш за да ми раскажеш како ти минал денот, ниту да ми кажеш дека ти недостасувам.
Нема да очекувам да ми се заблагодариш за сè што правам за тебе, ниту да се грижиш за мене кога сум скршена, и секако – нема да те молам да ме поддржуваш во моите одлуки, ниту пак да ме сослушаш кога имам илјада приказни за раскажување.
Нема да побарам ништо од тебе, дури ни да останеш покрај мене засекогаш.
Зашто, ако треба да те молам, тогаш тоа повеќе не го сакам“.
Фрида Кало го запознала својот сопруг, сликарот Диего Ривера, преку заеднички пријатели. Таа била восхитена од неговиот талент, а тој од нејзиниот. Тој бил висок, крупен и 21 година постар од неа – кревка, болна и со тенко тело, поради што често ги нарекувале „слонот и гулапчето“.
Набрзо по венчавката, Кало сфатила дека љубовта на Ривера кон неа не ја исклучува и неговата потреба за други жени – меѓу нив и нејзината сестра. Тој копнеел по слобода и сакал да ја поседува секоја жена, што му било овозможено благодарение на неговиот неприкосновен углед.
Иако физички не бил привлечен, жените му паѓале в прегратка. Во Мексико бил како бог – познат сликар, симбол на мексиканската ренесанса и идеолог на работничката класа. Многу жени сонувале да му позираат и да бидат овековечени на неговите мурали. Љубовната врска со него за нив била пат до вечноста.
Поради тоа, Ривера често ја изневерувал, а Кало, во обид да му се одмазди, започнувала афери и со мажи, и со жени. Сето тоа оставило длабоки траги во нејзината душа – болка која ја носела цел живот, заедно со тагата што не станала мајка и покрај тоа што четири пати останувала бремена.


