Др. Злате Мехмедович - Потпарол на Ком. за заразни болести / Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Др. Злате Мехмедович - Потпарол на Ком. за заразни болести / Фото - Слободен печат - Методи Здравев

МОЕ ЛЕТО | Д-р Мехмедовиќ: „На Злате му го спакувале и телевизорот за на одмор“

Во втората епизода на „Мое лето“ наш гостин е д-р Злате Мехмедовиќ. Докторот во нашата емисија раскажува на која возраст научил да плива, открива дека на првиот одмор на којшто се сеќава е одморот во Преспа, потоа раскажува и за спомените од деството и семејните летувања, за забавните патувања со нивниот автомобил „101“, а како интересен момент го сподели првиот одмор со другарите.

-Тоа беше на моја 18-годишна возраст. И сега од оваа дистанца погледнато си велам, сум морал да чекам полнолетство за да ме пуштат сам на одмор, а денес мојата средна ќерка, која има шест години, ја пуштивме на камп. Но, такви беа тие времиња. И се сеќавам на тој одмор одевме со другарите, големо друштво, за Игало, Црна Гора. Автобусите тргнуваа од улицата што води накај „Веро Џамбо“. Кога стигнав јас, со еден џиновски куфер, се сеќавам, еден другар искоментира: „На Злате му го спакувале и телевизорот“. И со право му беше коментарот, бидејќи мајка ми толку многу се грижеше што да носам на одмор, така што имав 30 пара долна облека, 15 пара купаќи – вели д-р Мехмедовиќ.

Ве каниме вечерва во 19 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“ да ни се придружите на една несекојдневна дискусија со д-р Мехмедовиќ, во која ќе го запознаете во едно поинакво светло, а секако дека ќе ја искористиме и приликата да добиеме некој лекарски совет за на одмор,
Водител и автор на емисијата „Мое лето“ е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот