Модно парче кое се комбинира со сè, но со кое треба да се многу внимателни: Нивното „височество“ – хеланки
Хеланките се во мода со децении. Иако се едно од најомразените парчиња од модните експерти, оваа година на модната сцена повторно се нагласени хеланките потсетувајќи на нивната сестрана и удобна природа.
Без разлика дали се шарени, еднобојни, со проѕирни аксесоари, искинати… хеланките се омилено парче облека на многу дами. Удобни се, па многу девојки често ги носат во разни пригоди.
View this post on Instagram
Но, факт е дека треба да бидете многу внимателни со хеланките. Мора да внимавате како ги комбинирате, бидејќи лесно може да изгледа многу невкусно.
Првото нешто на кое би требало да се обрне внимание е добро да го процените вашето тело. Ако имате вишок килограми, а телото не ви е затегнато треба да знаете многу добро како да ги стилизирате во адекватна складна форма.
Нема ништо полошо од тоа кога жена со одредено парче облека ќе го истакне вишокот на стомакот, бутовите, колковите…
Ако не сте сигурни дека изгледате доволно добро во нив, немојте да ги носите, но уште подобро, со адекватен избор на останатите парчиња и нивниот спој, обидете се да ги преобразите несовршеностите во предности.
View this post on Instagram
Кога носите хеланки, обидете се да го следите мотото – горе широко, долу тесно. Носете туники, кошули и избегнувајте тесни маички, бидејќи ќе изгледате како да носите костим за нуркање.
View this post on Instagram
Не можеме а да не ги спомнеме принтовите. Жените сакаат да носат хеланки со принт. Сепак, добронамерен совет – заборавете на хеланки со принт од тигар или зебра. Ако сте дама која се грижи за својот стил, тигровите хеланки никогаш не треба да заземаат место во вашата гардероба. Овие мотиви на хеланки ќе ве стават во одредена категорија на девојки, па доколку не спаѓате таму, наш совет е да ги избегнувате.
View this post on Instagram
Првично создадени за тренинг, овие растегливи панталони одамна ги надминаа границите на теретаната и станаа модно парче од улиците. Сепак, нема многу парчиња кои можете да ги комбинирате со нив за да добиете шик аутфит. Затоа е важно да се придржувате до одредени модни правила – да не носите тесна маица или топ со нив (бидејќи хеланките се доволно тесни), да заборавите на застарените туники и да не ги носите со штикли, бидејќи сите три избори водат до граница на невкус.
View this post on Instagram
Еве 6 начини како да ги комбинирате како девојка со стил.
1. Хеланки + „oversize“ кошула
Белата кошула со копчиња е безвременска, а широкиот крој им дава модерен изглед на хеланките.
View this post on Instagram
2. Хеланки + ватирана јакна
Постојат два тренда на сезоната: хеланки и ватирана јакна во совршена пропорција.
View this post on Instagram
3. Хеланки + блејзер
Досега веќе сте заклучиле дека хеланките се носат со широки и долги кроеви за да не изгледаат евтино. Оваа серија продолжува со лежерна јакна – идеален аутфит за деловен состанок.
View this post on Instagram
4. Хеланки + плетен џемпер
Како да се биде стилски и дома и во град? Облечете голем џемпер и вашите омилени хеланки.
View this post on Instagram
5. Хеланки + тренч палто
Тренчот ќе ја подигне секоја модна комбинација на следното ниво. Само проверете дали е квалитетен. П.С. Одлучете се за есенски бои: беж, кафеава, маслинесто зелена.
View this post on Instagram
6. Хеланки + дуксер со принт
Не било каков дуксер, туку оној со принт – без разлика дали ќе биде слика или натпис – изберете сами и уживајте во вашето спортско и елегантно издание.