Мобилниот на Јанева е одземен заради прибирање повеќе информации за истрагата против Боки 13 и Зоки Кичеец

Фото:ТВ21

Мобилниот телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева е одземен по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корпција,  потврдија од Обвинителството.

Мобилниот на Јанева е одземен заради прибирање повеќе информации за истрагата што Обивинителството ја отвори денеска против Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милевски (Зоки Киччеец), првоосомничен и второосомничен за изнудување пари.

Од Обвинителството, исто така, потврдија и дека е извршен претрес во канцеларијата на Јовановски во 1ТВ на која тој е сопственик.  Јовановски и Милевски се спроведени во Кривичниот суд на распит пред истражен судија кој треба да одлучи дали ќе им биде одреден притвор како што денеска побара Обвинителството.

По собрани вербални и материјални докази, Обвинителството денеска отвори истрага во која двајцата осомничени ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание”, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Тие во два наврата примиле вкупно 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра од лице против кое се водело истрага.  На осомничениот од кого ги изнудиле парите му ветиле дека преку обвинител со кого имаат пријателски врски т.е. влијание ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Инаку, специјалната обвинителка Катица Јанева денеска депонираше оставка од функцијата. Оставката, како што наведе Јанева во соопштение објавено на веб-страницата на СЈО, ќе биде активирана во моментот кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение за СЈО и ќе го изберат нејзиниот наследник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот