Министерство за надворешни работи/ Фото: Слободен печат / Драган Митрески

МНР: Се преземаат сите активности за организација на транспортот на телото на починатиот Карадакоски

Министерството за надворешни работи соопшти дека преку македонската Амбасада на Македонија во Варшава, е во редовна комуникација со семејството на починатиот пациент Александар Карадакоски, како и со надлежните институции во Литванија.

– Од страна на Амбасадата се преземаат сите неопходни активности за завршување на конзуларните постапки и за организација на транспортот на телото на починатиот македонски државјанин назад во земјата. Министерството за надворешни работи и Амбасадата во Варшава стојат на располагање за комуникација и асистенција, и се во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Литванија – наведуваат од Министерството.

Воедно, се додава дека Кризниот штаб при Министерството е во редовна координација со сите надлежни институции, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни новини.

Карадакоски кој беше префрлен на лекување во Литванија, утрово им подлегнал на повредите здобиени од пожарот во Кочани. Тој имал 36 отсто изгореници на телото и оштетување од 90 проценти на дишните патишта.

Александар Карадакоски е 60-тата жртва од пожарот во дискотеката во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март, годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот