Гајдов: Младите Македонци во Бугарија не дојдоа на отворањето на клубот од страв дека ќе ги избркаат од работа

Фото: Канал 5 / принтскрин

„Прашањето е едноставно – младите работат или приватно или државно и ако се појават таму, ќе ги избркаат од работа. Многу просто. Овие старите што беа таму кои се пензионери или бивши затвореници од комунистичкиот режим на Тодор Живков и многу нормално дека се тие хероите“, вели новинарот и политички коментатор Љубомир Гајдов околу вчерашното отворање на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

„Добро е што сите национални телевизии имаа специјални известувачи вчера од Благоевград. Народот овде го виде срамот на Бугарите, рече Гајдов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Според него, „има зрелост кај младите, кои ако дојдат на отворањето и се декларираат како Македонци, утредента ќе ги избркаат од работа“.

-Во прашање е да преживеаат, имаат фамилии луѓето. Утрово на бугарската национална телевизија беше објавено дека Европа го призна македонскиот јазик. Знаете ли тоа кој е удар на нивната лага? Таму се загрижени“, рече Гајдов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот