Фото: МИА

„Да си Македонец не е антибугарски чин“: Македонците од Бугарија подаваат рака на пријателство

Македонски книги ќе има во клубот „Никола Вапцаров“ во бугарскиот Благоевград, соопштено е денеска на отворањето на македонскиот културен клуб.

Македонците од Бугарија се заблагодарија на, како што рекоа, „браќата од Канада“ кои им дале поддршка за отворање на клубот. Велат дека овој клуб е во интерес на македонската идеја.

„Да развиваме достојни идеи и цели во овој клуб“, рекоа претставниците на Македонците од Бугарија и основачите на клубот.

Тие читаа поезија од поетот Никола Вапцаров, во која тој ја споменува Македонија. Го нарекоа дека е „човек-симбол на Македонците во Бугарија“.

„Сакаме да бидеме Македонци, без страв. Да си Македонец не е антибугарско дело. Ние подаваме рака за пријателство“, беше кажано при отворањето на клубот.

Но, тие напомнаа дека имало и опструкции и реакции дека музиката која беше пуштена по повод отворање на клубот пречела за јавниот ред и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот