Младите фудбалери со пресврт ја совладаа Ерменија

Младите фудбалери славеа на последниот натпревар на домашен терен во квалификациите за ЕП 2023/фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година успеа да слави на последниот натпревар на домашен терен во квалификациите за пласман на ЕП 2023.

Младите фудбалери втората победа во квалификациите ја остварија над Ерманија и тоа со 3:1. Резултатот го отвори Ерменија и тоа во деветтата минута со голот на Симонјан.

Македонија успеа да дојде до израмнување во  22. минута со прекрасниот гол на Максимов кој откако се проби по левата страна, со одличен шут од аголот на шеснаесетникот погоди успеа да постигне гол. Избраниците на Драги Канатларовски до победата и трите бода дојдоа во самиот финиш од натпреварот преку Марио Илиевски и Сефер Емини.

Прво Илиевски во 85 минута погоди за 2:1, а потоа Емини со одличен шут во седмата минута од судиското продолжение го постави конечниот резултат.
Младите фудбалери во последното коло ќе играат против Украина во Истанбул на 5 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот