Младинците на Пелистер го победија Алборг и ќе играат за место на Фајнал фор во Лигата на шампионите
Младинскиот состав на Пелистер до 18 години направи голем исчекор на турнирот во Пореч, откако во драматичен полуфинален натпревар го совлада дански Алборг со 24-23 и обезбеди пласман во финалето, каде ќе се бори за место на завршниот турнир во Келн.
Препорачано
Битолчани одиграа храбро и дисциплинирано против силниот скандинавски противник, покажувајќи карактер кога беше најпотребно. Натпреварот беше целосно израмнет до самиот финиш, а победникот се решаваше во последните секунди.
Пелистер имаше минимална предност во самиот крај, а Алборг доби шанса да нападне за израмнување, но не успеа да ја искористи, по што следуваше голема радост кај македонскиот тим.
Најзабележителен на теренот беше Андреј Георгиев со 12 погодоци, додека значаен придонес даде и Јован Симовски, кој реализираше шест пати.
Во второто полуфинале ќе се соочат Загреб и Фуксе Берлин, а победникот од таа пресметка ќе биде следниот ривал на Пелистер во борбата за место на Фајнал фор турнирот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


