Фото: mog.org.mk

Младата и талентирана борачка Изабела Цепак ќе ги брани боите на Македонија

Младата и талентирана борачка Изабела Цепак официјално станува дел од македонското спортско семејство и ќе ги брани боите на Македонија во борење на претстојните меѓународни натпреварувања, соопшти денеска Македонскиот Олимписки комитет.

Таа доаѓа со одлично искуство и забележителни резултати од САД, каде што настапувајќи за средното училиште „Саут Лајон Ист“ во Мичиген забележа импресивна сезона со 33 победи – од кои дури 29 со туш.

Нејзиниот квалитет е потврден и со бројните државни и регионални признанија кои ги освои минатата година, вклучувајќи државно првенство во Мичиген (прво место) и второ место на национален турнир.

Во своето прво официјално интервју, Цепак ги истакна своите високи амбиции и посветеноста кон остварување врвни резултати. Таа потенцираше дека нејзиниот фокус е ставен на интензивните технички и кондициски тренинзи, како и на менталната подготовка, дисциплината и превенцијата од повреди со цел остварување на јасните краткорочни и долгорочни цели.

-Со нетрпение очекувам нови предизвици и медали под македонското знаме. Ќе дадам сè од себе за да ја претставам Македонија со гордост – изјави Цепак, изразувајќи голема благодарност до тренерскиот тим, навивачите за поддршката и до Македонскиот олимписки комитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот