Фото: Screenshot/instagram.com/tajmmaf_official

Млад светски шампион во ММА убиен во Таџикистан

На 15-годишна возраст почина Мухамадали Садулоев, перспективен натпреварувач и борец од Таџикистан, објави Меѓународната федерација за мешани боречки вештини (ИММАФ).

Садулоев беше убиен по конфликт со своите врсници, според ММА федерацијата на Таџикистан, информира „Репорт“.

Ова се случило во ноќта помеѓу 11 и 12 јануари во едно од интернет-кафулињата во градот Кулоб. За време на конфликтот, Садулоев бил избоден во градите. Две други лица биле повредени и хоспитализирани.

Органите за спроведување на законот приведоа двајца осомничени, а истрагата е во тек.

Претставувајќи ја својата земја, Садулоев беше освојувач на златен медал на младинското Светско ИММАФ првенство во 2024 година, и исто така ја освои титулата шампион на Таџикистан во 2025 година.

– Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и ММА федерацијата во Таџикистан – стои во објавата на ИММАФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот