Фото: EPA/ANDREAS GEBERT

Млад скопјанец многу пиел и преспал кај комшијата, утредента не можеле да го разбудат

29-годишен скопјанец не се будел откако ден претходно од работа не отишол дома, туку во станот на соседот, каде што пиел алкохол, соопшти МВР. Тој е итно пренесен во Клиничкиот центар.

„На 25.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во стан на сосед на подрачјето на Гази Баба во Скопје е пронајден С.Л.(29) од Скопје, кој бил во неконтактибилна состојба. Лицето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош, а во службен разговор неговиот татко П.Л.(63) појаснил дека С.Л. претходниот ден не се вратил дома од работа, а утрото соседот му јавил дека бил во неговиот стан и дека претходно консумирал алкохол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

ФОТО | Тежок судир меѓу две коли во Црниче – такси заврши во скали од маркет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот