Мизрахи го врати возачот на Диме Спасов, кој неколку пати ја менуваше изјавата за сообраќајката на поранешниот министер

Лицето Марио Тавиќ на македонската јавност ѝ е познат како шоферот што неколку пати ја смени својата изјава по скандалозната сообраќајка во кој учествуваше поранешниот министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, од режимот на Груевски.

Техничката Министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи „свесно“ влегува во скандал. Таа, пречекорувајќи ги своите надлежности и без согласност на заменската министерка Санела Шкријељ, го вработила лицето Марио Тавиќ, како шофер во Министерството за труд и социјала, јавува порталот Фронтлајн.

Лицето Марио Тавиќ на македонската јавност ѝ е познат како шоферот што неколку пати ја смени својата изјава по скандалозната сообраќајка во кој учествуваше поранешниот министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, од режимот на Груевски.

Да се потсетиме… Прво, Диме Спасов рече дека тој управувал со Туарегот за време на инцидентот, потоа, по неколку часа, Марио – неговиот шофер, сам се пријавил дека не Димче, туку тој управувал со возилото во моментот кога се случил инцидентот, а запрашан од полициските службеници да го опише настанот, Марио немал појма како и што се случило, па пак ја сменил изјавата. Извесната Тамара, „ни крива, ни должна“ три пати ја менуваше изјавата, а министеричот Диме Спасов јавноста не можеше да го најде „ни под дрво, ни под камен“ сè додека не се појави снимката, на која се гледа дека тој Димче е фатен жив како се сами со Тамара за време на инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот