Никола Митревски

Mитревски: Словачка е голема непознаница за нас, утре ништо нема да биде решено

Maкедонската ракометна репрезентација денеска отпатува за Словачка каде што утре во Прешов го игра првиот натпревар од баражот за Светското првенство.

Пред натпреварот денеска зборуваше најискусниот во нашата селекција, голманот Никола Митревски кој очекува тежок натпревар.

„Словачка е голема непознаница за нас никогаш не сме играле против нив, па натпреварот секако ќе биде тежок и незгоден затоа што играме на гостински терен. Ние се подготвуваме и верувам дека сме на потребното ниво, очекувам добар натпревар.

Големите натпреварувања кои ги имаме зад нас ни го даваат тоа право да очекуваме добар и позитивен резултат. Но, без разлика на резултатот утре нема ништо да биде решено, ова е само едно полувреме од двомечот, ние ќе го дадеме нашиот максимум да одиграме онака како што знаеме и да извлечеме позитивен реузлтат“, изјави Митревски.

Натпреварот утре се игра во терминот од 19:00 часот, додека реваншот се игра во истиот термин за три дена во „Борис Трајковски“.

Можеме да ја изненадиме Македонија, велат Словаците во пресрет на баражот за Мундијалот 2027

ФОТО | Ракометарите летнаа на мундијалска битка во Прешов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот