Митревски и Тодоровски ќе го судат мечот за третото место во Европската лига

Висла Плоцк е еден од учесниците на Ф4 турнирот во ЕХФ Европската лига/Фото: EPA-EFE/Leszek Szymanski

На 28 и 29 мај ќе се одржи Фајнал-фор турнирот во ЕХФ Европската лига во „Алтис“ Арената во Лисабон, Португалија.

Четири екипи ќе се борат за титулата во ова клупско натпреварување, тие се Висла Плоцк (Полска), Нексе (Хрватска), Бенфика (Португалија) и Магдебург (Германија).

На 28 мај во полуфиналните дуели, бранителот на титулата Магдебург од 16.00 часот ќе игра против Нексе, а од 18.30 часот Висла Плоцк е ривал на Бенфика.

Следниот ден од 19.00 часот е големото финале, а претходно од 16.30 часот е натпреварот за третото место.

Борбата за бронзениот медал ќе ја судат македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Судии на финалната пресметка ќе бидат Швајцарците Артур Брунер и Морад Салах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот