Пр. по Философија Ристо Солунчев Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Пр. по Философија Ристо Солунчев Фото - Слободен печат - Методи Здравев

Митови и факти | Ристо Солунчев: Христијаните се првите комунисти, затоа биле прогонувани

Професорот по философија и византиско пеење Ристо Солунчев, дава емпириска анализа на развојот на музиката во глобални рамки, како и формирање и развој на тоа што денеска го нарекуваме македонска музика.

Во најновото продолжение на поткастот Митови и фактот, тој ја изнесува целата генеза на модерната музика, чии почетоци се тесно поврзани со религиските организации, кога од еврејската верска музика, преку ранохристијанското делување, доаѓаме до воспоставувањето на црковната музика како неоткинлив дел од суштината и формата на христијанството.

Пр. по Философија Ристо Солунчев Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Проф. по философија Ристо Солунчев Фото – Слободен печат – Методи Здравев

– Интересна е една идеја на (Фридрих) Енгелс, зошто христијаните биле толку гонети од инаку една империја којашто била многу толерантна, политеизам, секакви народи, косполитска империја е тоа. Но, христијаните пречеле, а Енгелс смета дека се тоа првите комунисти – вели тој.

Целото интервју со Солунчев, во кое тој главно говори за развојот на црковната музика низ вековите, може да го проследите на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот