Митов од ГЕРБ ќе го добие мандатот кој ќе му го врачи Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на Даниел Митов, кандидат за премиер номиниран од ГЕРБ – најголемата парламентарна група во Собранието. ГЕРБ има 75 пратеници, далеку под потребните 121 глас.

Радев вчера имаше консултации со политичките партии и парламентарни групи од 45-то Народно собрание – ГЕРБ, Има таков народ, БСП, ДПС, Демократска Бугарија и Исправи се, мафијата надвор.

На средбите не присуствуваа двајца лидери на политички партии – Бојко Борисов, премиер во оставка и Слави Трифонов од Има таков народ кој е во изолација поради коронавирус. Борисов според локални медиуми во моментот е хоспитализиран поради хируршка интервенција на коленото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот