Митко Стојковски е нов претседател на фудбалскиот клуб Пелистер
Денеска се одржа вонредно собрание на фудбалскиот клуб Пелистер кој сезонава настапува во Втората фудбалска лига и моментно по 15 кола е на четвртата позиција во трката да се врати во елитата.
Препорачано
На собранието за нов претседател е избран Митко Стојковски, поранешниот фудбалер на битолскиот клуб и екс репрезентативец на Македонија.
Досегашен претседател на ФК Пелистер беше Пеце Стојчевски.
Во бордот на директори членуваат поранешните фудбалери Тони Мицевски, Пеце Цветковски и Златко Деловски, стопанствениците Трајан Вртковски, Павле Лазаровски и Сотир Николовски и претставници на Општина Битола, Блага Талевска (економист) и Стефанија Боцевска (правник).
Стојковски како професионален фудбалер во кариерата настапуваше и за Црвена звезда, Реал Овиедо и Штутгарт. Со Пелистер во сезоната 2000/2001 го освои фудбалскиот Куп на Македонија.
Претходно К Пелистер го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски, а за нов тренер е назначаен Бобан Бабунски. Како нов играч од средниот ред на битолската екипа беше промовиран Марио Наумоски кој дојде од редовите на ФК Победа.


