Митко Стојковски демантира: Лага е дека во Пелистер има превработеност

Фото: ФК Пелистер

Поранешниот фудбалер и легенда на македонскиот фудбал, Митко Стојковски преку официјалната страна на клубот се огласи по повод инсинуациите кои се појавија против клубот.

Во јавноста се појавија информации дека Пелистер има финаниски проблеми поради превработеност, а сега е објавен демант со детално објаснување каде колку вработени има.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„На излагањата на советот на општина Битола, комисиите и преку медиумите и социјалните мрежи изнесени се невистини и инсинуации заради кои се чувствувам лично, но и како генерален извршен директор на ФК Пелистер повикан да се огласам.

Изјавите дека клубот има 60, 70, 80 технички лица на платен список се голема лага. Одговорно и транспарентно стоиме на располагање за верификација на нашите тела. Да нема непотребни и злонамерни лаги и провокации јавно обелоденуваме колку лица се ангажирани во клубот:

28 фудбалери;

4 лица – стручен штаб на Првиот тим;

2 лица – оперативен техничко-спортски персонал (Прв тим);

12 лица – тренери во Пионерско-младинската школа на клубот;

2 лица – оперативен техничко-спортски персонал (Пионерско-младинска школа);

2 лица – администрација;

5 лица – медицински персонал (2 доктори и 3 физиотерапевти);

1 лице – Комесар за безбедност;

1 лице – економат;

2 лица – одржување на терен.

Голем дел од овие наши членови работат за минимална плата и ниски хонорари. Сите информации за висината на примањата на вработените и ангажираните лица во клубот се јавно достапни од причина што за сите средства кои што клубот ги добива од Општината поднесуваме детален извештај (пропратен со банкови изводи) преку архивата на општина Битола за тоа како се потрошени средствата, а ако за тоа има потреба, спремен сум и детално да ви ги образложам во советот на Општина Битола.

Оваа бројка на луѓе сметаме дека е оптимална за ова ниво и оваа категорија на клубот. Нашите амбиции се поголеми и веруваме дека како ќе расте клубот, ќе се зголемуваат и ангажираните лица во клубот и нивните примања.

Јас и сите останати членови на Управниот одбор на ФК Пелистер работиме волонтерски и не го оптеретуваме клупскиот буџет за ниту еден денар“, стои во  соопштението на Митко Стојковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот