Марија Митева / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Митева уверува дека Владата има план за справување со поскапувањето на енергенсите

Портпаролката на Владата, Марија Митева, која е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизијата „Алфа“ се осврна на владините мерки за цените на горивата, велејќи дека е горда на Владата за која работи бидејќи, како што рече, „навистина покажала повисоко ниво на одговорност и справување со кризата“.

– Владата уште пред две недели имаше вонредна владина седница, на која што тогаш ја донесе онаа првична мерка за намалување на ДДВ од 18% на 10%. Секојдневно неколкупати во денот се одржуваа и состаноци и координации по однос на оваа тема, се со цел да ги следиме активно состојбите, за да дојдеме до конкретни мерки коишто директно ќе помогнат на граѓаните – вели Митева.

Како што вели таа, Владата превенирала дополнителни ценовни шокови, што и покрај непредвидливоста на ситуацијата, има јасен план за справување со кризата.

„Така беше и оваа недела, по истекување на тие две недели, повторно на владина седница се донесоа нови мерки, со кои што се продолжи онаа прва мерка за намалување на ДДВ и воедно се донесе и намалување на акцизата, со што ние превениравме дополнителни ценовни шокови, односно поскапување на горивата со оваа одлука која што денеска ја имаше Регулаторната комисија за енергетика. Состојбата е навистина непредидлива, се менува од ден за ден, ги следиме цените на берзите, но сме Влада која што навистина има план како да се справи со оваа ситуација“, рече Митева.

Го спречивме ценовниот шок кај горивата, се фали Владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот