Мисовски: Влезот на Алијансата за Албанците во Владата ќе донесе нов квалитет

Претседателот на НСДП Горан Мисовски, чија партија е дел од владината коалиција, смета дека евентуалниот влез на Алијанса за Албанците во Владата ќе донесе нов квалитет.

„Јас сум убеден дека може да донесе само квалитет. Оваа идеја за формирање сојуз на европска Македонија, мене ми се допаѓа и тоа го заговарам со години откако сум пратеник. Изолирање на оние политички структури коишто се против европските интеграции, рече Мисовски во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител”.

Во однос на прашањето како до парламентарно мнозинство за уставните измени, ставот на Мисовски е на пролет да почне постапката за уставните измени и денот кога ќе дојде гласањето, секој да се изјасни.

Нарушените односи со Бугарија, според Мисовски, се дел од хибридната војна што се води против Северна Македонија. Она што сега треба да се направи, вели тој, е да се смири топката, а како позитивен чекор ја оценува средбата што на највисоко ниво е најавена меѓу министрите за внатрешни работи. Верува дека одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари ќе биде на највисоко професионално ниво.

„Жалам што се случи немил настан во Охрид и што бугарскиот државен врв потпадна под провокациите на еден бугарски европратеник. Мислам дека сега е време ние како одговорни политичари и бугарскиот државен врв да ја смириме топката, но притоа да си го чуваме националното достоинство. Тоа ни е топ приоритет. Добри се контактите кои следната недела се најавуваат на највисоко ниво мегу Бугарија и Северна Македонија. Немам дилема дека Бугарија влегува во предизборен период и за жал традиција е во балканските земји да преминувате во непопуларна политика, рече претседателот на НСДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот